Просечната заработка во јануари е 398 евра

Во однос, пак, на декември 2018 година просечната месечна исплатена нето-плата е намалена за 1.267 денари. Во декември лани таа просечната нето плата изнесуваше 25.784 денари.

292

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година, изнесува 24.517 денари и е повисока за два отсто во однос на истиот мезец лани, објави  Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување, според статистичарите, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „дејности на здравствена и социјална заштита“ (9,6 отсто), „рударство и вадење на камен“ (8,3 отсто) и „образование“(5,3 отсто).

Во однос, пак, на декември 2018 година просечната месечна исплатена нето-плата е намалена за 1.267 денари. Во декември лани таа просечната нето плата изнесуваше 25.784 денари.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „уметност, забава и рекреација“ (21,4 отсто), „информации и комуникации“ (19,8 отсто) и „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ (14,3 отсто).

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...