Пронајден мртов исчезнатиот сточар на Крит

103

По повеќе од 24 часа потрага, спасувачките служби го пронајдоа мртов исчезнатиот 61-годишен сточар на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека телото било пронајдено на брегот од реката.

Грчките медиуми објавија дека телото било на оддалеченост од околу 10 километри од местото каде што исчезнал сточарот, односно каде што неговото возило беше повлечено од водите на надојдената река.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...