Пронајдено телото на еден од двајцата исчезнати косовски полицајци во Лепепнец

464

По петдневна потрага, попладнево нешто по 16 часот, во водите на Лепенец е пронајдено телото на еден од двајцата косовски полицајци, кои се водеа како исчезнати откако возилото во кое се наоѓаа заврши во реката.

– Телото е пронајдено на пет километри од местото на несреќата. Телото се уште не е идентификувано – соопшти портпаролот на регионалниот полициски комесаријат во Урошевац. Агим Гаши,

Како што јави дописникот на МИА, денеска во потрагата по полицајците се вклучи и еден од најдобрите косовски нуркачи Исмаил Касуми, кој претходно тврдеше дека не е можно речната струја да ги однела телата на полицајците на македонска територија.

Двајцата полицајци, Арменд Трена (23) и Малесор Даши (26) од Полициската станица во Качаник, вечерта на 28 април за време на патрола на излез од градот, од засега непознати причини со службено возило излетале од патот во амбис длабок 150 метри и завршиле во водите на Лепенец.

По барање на косовските власти во потрагата на телата на полицајците беше вклучено и македонското Министерство за внатрешни работи, долж течението на реката Лепенец на територија на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...