Безживотно тело на жена денеска било извадено од водите на реката Вардар, во близина на пешачкиот мост кај Железничката станица во Скопје.
Од МВР за МИА потврдија дека се работи за 69 годишна жена. Телото е без видливи траги на насилство и е дадено на обдукција.
Жената, како што објавија некои медиуми, не била пријавена за исчезната и кај себе немала документи за идентификација. Допрва ќе се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.