Телата на шест лица се пронајдени во остатоците од хеликоптерот што се урна на хавајскиот остров Кауаи, соопштија локалните власти.
– По потрагата по хеликоптерот што не се врати од обиколка на островот во четвртокот, во остатоците се пронајдени шест тела, додека по седмиот патник се уште се траг -, рекоа официјални претставници додавајќи дека е малку веројатно да има преживеани.
Луѓето чии тела се пронајдени сè уште не се идентификувани.
Потрагата по хеликоптерот, во кој се наоѓале пилот и шест патници кои биле членови на две семејства, почна во четвртокот вечерта.