Пронајдени заостанати НАТО бомби на аеродромот во Подгорица

95
ФОТО: МИА

На територијата на Голубовачко поле, особено во делот на аеродромот во Подгорица, пронајдени се голем број касетни бомби на НАТО, а според најновиот извештај, до пред 15 дена на аеродромот се најдени и уништени најмалку 28 такви бомби и минско-експлозивни средства.

Направите се пронајдени во близина на пожарникарската зграда и летната писта на цивилниот аеродром.

– Вистинска среќа е што до денеска никој не настрада, со оглед на тоа што се знае дека работници во близина на аеродромот на Црна Гора ги одржуваат зелените површини околу стазите – пишува подгоричкиот весник „Дан“.

Експерти од странство се вклучени во откривање и деминирање на касетните бомби. Деминирањето се врши рано наутро или кога нема летови.

Владата на Црна Гора, како што се наведува, беше запознаена дека на аеродромот во Подгорица и околината има голем број заостанати касетни бомби, иако војската и полицијата претходно вршеа таканаречено воено деминирање.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...