Пронајдени делови од телото на убиениот новинар Кашоги

455

Делови од телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата на Генерал конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјави лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек за турскиот портал “Хаберлер“.

– Дознав од сигурни извори во безбедносната служба во Истанбул дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар, што се наоѓа во градината на територијата на резиденцијата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија, посочи Перинчек.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“, Кашоги е убиен во Саудискиот конзулат во Истанбул во тепачка. По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.

Поради тоа уапсени се 18 лица и сменет е висок претставник на саудиската разузнавачка служба.

Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...