Пронајдена исчезнатата змија – сите изненадени кај се криела

Во почетокот нанеделава сопственикот на егзотичниот домашен миленик ги предупредил жителите дека неговата змија по името Бела избегала од аквариумот.

670

Речеси два метри долга змија, боа констриктор, чие исчезнување предизвика паника во градот Бингамтон, во американската сојузна држава Њујорк е пронајдена во кујната на својот сопственик, под мијалникот.

Во почетокот нанеделава сопственикот на егзотичниот домашен миленик ги предупредил жителите дека неговата змија по името Бела избегала од аквариумот и оти последен пат е видена во близина на средното училиште.

Меѓутоа, сопственикот денеска ги известил локалните медиуми дека Бела е пронајдена, дека е неповредена и оти најверојатно не го напуштила неговиот стан.

Црвеноперката, чие природно живеалиште се тропските краеви на Америка, се храни со помали цицачи кои, бидејќи не е отровна, ги убива со стисок. Во заробеништво најчесто не се агресивни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...