Промоција на романот „Барутни облаци“ на Бранислав Ѓорѓевски

200

Во кино Фросина во Младинскиот културен центар вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на романот „Барутни облаци“ на Бранислав Ѓорѓевски, во издание на издавачката куќа „Академски печат“.

„Барутни облаци“ е роман кој зборува за човекот против системот, вербата против верата, мирот наспроти војната. Станува збор за ововремена и овдешна дистопија во чиешто средиште се Михаил и Елеонора, млади уметници кои спротивно на сопствената волја се втурнати во вителот на верска војна.

Промотори на романот се Ѕвездан Георгиевски, новинар и колумнист и Сашо Кокаланов, новинар, писател, драматург и колумнист.

Бранислав Ѓорѓевски (32) е роден, живее и работи во Скопје, кадешто во 2009 година дипломира на студиите по нoвинарство на Правниот факултет. „Барутни облаци“ е негов прв роман. Досега има издадено две збирки раскази, „Сите тие краеви“ (2012) и „Северно од сонцето“ (2015) којашто е преведена и издадена и на германски јазик под насловот „Надвор од балканската рута“ (Abseits der Balkanroute)

.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...