Промоција на најновиот албум „Синергија“ на Дуке Бојаџиев во Станица 26

193

Македонскиот музичар и композитор Дуке Бојаџиев, кој живее и работи во Њујорк повторно се враќа во Скопје, каде на 27 Октомври во 23 часот ќе настапи во концертно издание за „Wine Expo“ на Плоштад Македонија, а на 28 октомври, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб Станица 26 ќе се одржи промоција и јавно преслушување на неговиот најнов студиски албум со наслов „Синергија“ (Synergy).

Албумот содржи 10 музички нумери. Синергија пред само неколку денови официјално се појави на сите центри за дигитална дистрибуција како Spotify, Apple Music… Може веќе да се преслуша и на неговата веб страница, www.dukeb.com

– Станува збор за модерна фузија на филмска и електронска музика, зачинета со елементи на фламенко, црковно пеење од 12от век во Германија и индиски изворни мотиви, кои создаваат терапевтска атмосфера. Инспирирано, напишано и испродуцирано во Њујорк, градот каде сите култури, истории и цивилизации се вкрстуваат, сето тоа видено низ една моја перспектива, како електро-акустична фузија на целото мое досегашно музичко и животно искуство. Почетоците на некои нумери се зачнати уште пред повеќе од 10 години, но финалните аранжмани и продукција ги финализирав во изминативе 3 години. Сите 10 нумери се снимени, продуцирани и миксани во моето студио во Њујорк – вели Бојаџиев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...