Промоција на „Маалски прикаски (1+2)“ на Синиша Станковиќ

61

Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот Синиша Станковиќ, која во издание на „Или – или“ деновиве излезе од печат.

– Книгата содржи 65 прикаски или, како што ги нарекува авторот, „белешки на Случајниот Минувач, подготвени како мезе за муабет во семејното бифе ‘Носталгија’. Објавени се и дваесетина фотографии на тема „Маалски прикаски“ на познатите македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Томислав Георгиев, Борис Грдановски, Наке Батев, Маја Златевска, Андреј Гиновски и Радован Вујовиќ, соопшти издавачот.

На промоцијата на книгата ќе читаат/пеат Калина Малеска и Драган Спасов Дац и музичарите Петар Ренџов и Ристо Самарџиев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...