Промоција на „Лет со умот кон папокот на универзумот“ од Љубомир Грбевски

Оваа книга е четврта по ред на Љубомир Грбевски. Тој претходно ги објави книгите „Стихови празни и рими безобразни“ (1991), „(Хоро)скопски шеми“ (2009) и „Бајки тралалајки - за урбани клинци и напредни мајки“ (2016).

146

Најновата книга на Љубомир Грбевски „Лет со умот кон папокот на универзумот“, ќе биде промовирана в петок (05.07.2019) во 12 часот во градската кафеана „Пелистер“ во рамките на манифестацијата „Скопско лето“. Промотор на книгата ќе биде писателот Стево Симски, а музичката поддршка ќе биде од Јаков Дренковски. Делови од пиесите ќе изведат актерите Елизабета Клинчаревска Младеновска-Ели и Кирил Трајковски-Максим.

 

Книгата содржи три драмски новобајковни текста за деца и за тинејџери „Лет со умот кон папокот на универзумот“ (пиеса што ѝ го позајмува името на целата книга), „Здодевна бајка“ и „Шумско востание“ (една бајковидна басна) кои се пишувани во стихови со комедиографски перформанси. Станува збор за пародирани и деконструирани класични бајки и одново конструирани и стокмени со нов наратив и со современ сленг јазик на „новите клинци“, нивниот „новојазик“.

По неговата претходна книга „Бајки тралалајки – за урбани клици и напредни мајки“ која содржи шест драмски текста, ова писание е некакво логично продолжение на истиот волшебен свет на принцезите, витезите, кралевите и кралиците, џиновите, змејовите, џуџињата и маѓосниците други чудни и надреални суштества во едено анахроно окружвање на новите технолошки „чудесии“ – мобилни телефони, таблети и сл. кое го таргетира овој автор.

Оваа книга е четврта по ред на Љубомир Грбевски. Тој претходно ги објави книгите „Стихови празни и рими безобразни“ (1991), „(Хоро)скопски шеми“ (2009) и „Бајки тралалајки – за урбани клинци и напредни мајки“ (2016).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...