Во Универзитетот во Тетово утре напладне ќе биде промовирана книгата „Македонски мултиетнички јазли“ битка за едно или две општества од професорот Петар Атанасов, заменик министер за образование.
Книгата ќе ја промовираат професорката Ѓулумсер Касапи и професорот Рубин Земон.
Книга претставува битка за идеалот на мултикултурниот концепт како модус за востановување рамнотежа меѓу државата и општеството, меѓу колективните и индивидуалните начини на живот, како и неуморна потрага по модели на коегзистенција меѓу културно различните групи и општествени структури.
– Како што во светот не постојат две исти семејства, така секое општество е посебна приказна со својата историја и сегашност – вели Атанасов.
Оваа книга, всушност, е компилација на најважните текстови напишани на оваа тема од авторот.
Минатата година книгата беше промовирана на македонски јазик, а сега ја доживува и својата промоција на албански јазик.