Промоција на книгата „Збирка есеи од кинеската филозофија“ од Александар Стаматов

138

Промоција на книгата „Збирка есеи од кинеската филозофија“ од д-р Александар Стаматов во издание на Аз-буки ќе се одржи во Метаноја на 2 септември во 20часот.

Збирката содржи трудови кои авторот ги изработил за време на докторските студии и опфаќаат теми од областа на древната кинеска филозофија, неоконфуцијанизмот и некои современи аспекти на кинеската филозофија, вклучувајќи и компаративни трудови. Истата претставува единствена потемелна разработка на теми од кинеската филозофија од македонски автор, достапна на македонски јазик.

Стаматов дипломирал и магистрирал на Катедрата по филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а докторирал на Националниот централен универзитет во Тајван во областа на кинеската филозофија. Автор е на книгата Тао на Небото и Земјата: Проблемот на Едното кај таоизмот и конфучијанизмот и на многубројни трудови на македонски, кинески и англиски јазик. Стаматов живее во Тајван и е професор на Универзитетот Минг Чуан.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...