Промоција на книгата за деца „Моите омилени песни“

1082

Под мотото „За да бидеш модерен и фин, читај книги и биди ин“, в сабота на 9. март во 17.30 часот во АТК премиум клубот во Скопје, ќе биде промовирана книгата за деца „Моите омилени песни“ на авторот Смиља Христовска.

Оваа книга е првенче за авторката и содржи 50 инспиративни песни за деца до тинејџерска возраст. Книгата е збогатена е со илустрации на Искра Илиеска, Магдалена Добревска и Андријана Весовска.

– Зошто баш „Моите омилени песни“? Целта на насловот е секое дете да ја земе оваа книга во рака и да рече: Еве, ова се моите омилени песни! Сите ми се омилени! Сите сакам да ги читам! Оваа книга нека биде мала оддишка од сите таканаречени модерни технологии. Наместо едно дете да седи крај мобилниот или таблетот и го троши времето за нестварни фотографии и видеа, нека ја земе оваа книга во рака и нека извлече поука дека зад секоја цел стои голем труд, организација и желба да бидам подобар и успешен – изјави во пресрет на промоцијата, авторката Христовска.

По промоцијата, книгата ќе може да се купи во продажните места на книжарницата „Топер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...