Промоција на ДВД на филмовите Црно семе, Јад, Оловна бригада и Јазол

165

Во Кинотека на Северна Македонија во четврток во 12 часот ќе се одржи промоција на ДВД изданието на играните филмови на Кирил Ценевски. „Црно семе“, „Јад“, „Оловна бригада“ и „Јазол“ се четирите дигитално реставрирани долгометражни играни филмови во оваа уникатна колекција.

На промоцијата ќе учествува прославениот српски глумец со македонско потекло Лазар Ристовски, како и македонската актерка од Хрватска Костадинка Велковска.

Кирил Ценевски по многу параметри е единствена појава во македонската кинематографија. Контроверзноста слободно може да фигурира како негово средно име. Уште со првиот филм, „Црно семе“, ги освои не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...