Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ја промoвира новата услуга т.н. сервис – деск, дизајнирана и имплементирана со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.
Како што изјави извршниот директор на Комората, Дрилон Исени, преку сервис – дескот кој е наменет за компаниите-членки, ќе се работи на трите, веќе дефинирани стратегиски приоритети: правна држава, пристап до финансии и поттикнување на претприемништвото.
– Преку подобрување на нашите услуги, можеме да им помогнеме на компаниите-членки да бидат поконкурентни на домашниот, регионалниот па и европскиот пазар – истакна Исени.
Трите главни столба на сервис – дескот ќе бидат: поддршка за пристап до пазарот, правно усогласување на фирмите со законодавството и поддршка на компаниите преку алтернативни начини на финансирање.