Промовиран проектот „Сеќавања“ на саксофонистот Јане Рафаиловски

205

Еден од нашите најпознати саксофонисти и музичари, Јане Рафаиловски, со неговиот последен проект насловен „Сеќавања“, посветен на неговиот татко, успеа искрено да допре до срцето на сите вљубеници во она што се нарекува македонска убавина, музика, традиција, култура и љубов кон својата земја. Уште при првото слушање и гледање неможат да се контролираат емоциите, коментираат оние кои досега го погледнале видеото и го слушнале овој инстументал.

Со преубави пејсажи од Галичник, Бигорскиот Манастир, езерото Козјак и одличната глума на наши млади актери, под режисерката палка на Мето Јовановски, во видеото се прави еден премин од традицијата во 50-тите години во денешно време, а сето тоа преку обичаи го доловуваат актерите и студенти на самиот Јовановски: Андреј Серафимовски, Цветанка Вељковска, Сандра Темова, Сања Балшиќевска, Ангела Николова, Марија Панзова, Ирена јакимовска, Димитриа Марковски.

Музиката за ремек делото „Сеќавања“ е на самиот Јане, аранжманот на Дамир Имери, гитарата ја отсвири Петар Ренџов, додека пак видеото го изработи тимот на „Арт Продукција“ и Дејан Георгиев.

Ова е нешто поразлично од Рафаиловски, односно по проектот „Зајди зајди“ минатата година, овој пат ја изненади музичката јавност и публиката со еден вид на филмска музика, тема која заслужи и вакво емотивно и извонредно видео.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...