Промовиран „Прирачник за биоетика и холокаустот“

107

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите денеска беше промовиран „Прирачник за биоетиката и холокаустот“, од Теса Члуш и Џефри Брамер, за што редакторот Дејан Донев истакна дека потребата за навраќање во тие години не е поради очекување на нов холокауст, туку затоа што медицинската професија секогаш мора да биде подготвена на предизвиците на интегритетот на својата етика.

Члуш потенцираше дека во тој период германските лекари, односно целиот германски здравствен систем бил дел од масовното системско убивање на Евреите.

Редакторот Ана Фрицханд наведе дека во делото се третирани два големи блока – нацистичките лекари и лекарите затвореници.

– Во првиот дел авторите се насочуваат кон мистеријатот на нацистичката медицина, каде се разгледани повеќе релевантни аспекти меѓу кои и усвојувањето на концептот на евгеника од страна на нацистичката медицина, евгеничка стерилизација, расизмот и нацистичката медицина, употребата на расата како медицинска дијагноза, двојната лојалност на лекарите, притисокот на економијата врз медицината…, наведе Фрицханд.

Додаде дека во вториот дел е насочен кон медицинската бесмисленост во екстремни услови, медицинската тријажа, ризиците од медицинската нега, лекувањето на непријателот, менувањето на етичките ставови…

– Вредноста на ова дело е уште поголема поради тоа што во фокусот е земена професија која во својата основа и дефиниција треба да му служи на човештвото и на здравјето на луѓето и никогаш да не работи против тоа, заклучи Фрицханд.

Донев во однос на делото, наведе дека собирањето на релеванти податоци и нивното излегување од таканаречените скриени архиви од оваа проблематика не е само комплицирана научна мисија тука и неверојатно тешко емоционално искуство.

– Во оваа смисла она што ни е дададено е збир на добро поставени и добро подлабоко испитани сознанија со повисока дискурзивност и интердисциплинарност за која се застапуваме. Значително го надминува претходното постигнато теориско ниво во однос на оваа проблематика. Станува збор за една подлабока филозофска, биоетичка расправа наменета за поширока публика, посочи Донев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...