Промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“

Донациите во износ од 3,5 милиони евра на Чифлиганец и неговата компанија иако минорни, ако се споредуваат со светот, за Македонија се големи вели авторот на книгата Андоновски.

2305

Би бил најсреќен кога не би помагал, кога сите би имале, но знам како моите соседи, поединци, општината и државата ми помагаа мене и сега тоа е моја должност, изјави Ванчо Чифлиганец на промоцијата на книгата која е посветена на неговите донации насловена како „Филантропијата на професор д-р Ванчо Чифлиганец“ од Венко Андоновски.

– Мојата девиза е кога имаш помагај- рече Чифлиганец.

Тој пред присутните рече дека чувството да помага кај него го вградило неговото семејств, соседите познајниците…

– Мојата мајка печеше осум леба за цела недела, а два од нив даваше на соседите. Тоа го правеа и соседите. Тоа стана дел од мојот живот и сега кога имам сакам да помагам, а треба да помагаат и другите кои имаат и помагаат голем дел од нас стопанствениците- рече Чифлиганец.

Авторот на книгата професорот Венко Андоновски рече дека негова цел кога се нафатил да истражува за филантропството во земјава била конечно да го открие доброто, благородното и да заборова на дефектите, кои како што рече, станале најважниот дел од животот и однесувањето на луѓето.

– Ова однесување на Чифлиганец води кон доброто и се надевам дека почнавме серија на гледање кон доброто. И сакам да го откриваме доброто. Правете добро и за тоа нека се зборува – рече Андоновски.

Тој потсети дека донациите во износ од 3,5 милиони евра на Чифлиганец и неговата компанија иако минорни, ако се споредуваат со светот, за Македонија се големи.

– И не е толку важна цифрата, зашто и други даваат, ама даденото од срце со бројки не се мери. Срцето не е дигитална златарска вага, туку Божја терезија со многу  фира и љубов за ближниот баждарена – рече Андоновски.

Промотори на книгата беа академик Владо Камбовски, и дописниот член на МАНУ, Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и колега од студентските денови на Чифлиганец.

Книгата е уникатна по тоа што за прв пат донесува компаративна филозофска анализа за местото на мекедонската во однос на светската филанторпија преку примерот на Чифлиганец. На 500 страници текст со богата илустрација, дава оргинален приказ на зачетоците, мотивите, развојот и оставштината што ја дава овој современ филантроп на општеството.

Промоцијата се одвиваше во Стопанската комора, а на свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, поглаварот на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, г.г.Стефан како и голем број бизнисмени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...