Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи номинален раст за 13,2 отсто, а реален за 9,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Прометот на трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво има реален раст од пет отсто, кај трговијата на мало, освен трговија со гориво бележи реален раст од 8,1 отсто и трговијата на мало со автомобилски горива има реален раст од 5,8 отсто.