Нови цени стапуваат на сила од вечерва, откако и оваа недела Регулаторната комисија не ги формираше малопродажните цени на дериватите, информира компанијата Gulf.
Користејќи ги глобалните формули и движењата на цената на нафтата на светските берзи, од вечерва, велат во информацијата, врвните Gulf горивата ќе се продаваат по следните цени:
- Премиум G-Force безоловен ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар;
- Премиум Xtream дизел ќе се продава по цена од 67,50 денари за литар;
- Еуросупер 95 безоловен ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
- Еуродизел ќе се продава по цена од 66 денари за литар;
Gulf (Галф) ги известува своите потрошувачи ширум земјата дека продажните цени на горивата и понатаму ќе бидат формирани од страна на стручниот тим на компанијата се додека истите не бидат формирани од Регулаторната комисија и новиот закон кој веќе е донесен.
Врвниот квалитет и уникатните карактеристики на Gulf (Галф) горивата и понатаму се препознатлив знак на американскиот бренд присутен на македонскиот пазар.