Пролетните средби на ММФ и Светската банка, кои редовно се одржуваат во Вашингтон, поради коронавирусот ќе бидат спроведени во виртуелен формат, соопштија Кристалина Георгиева, директор на ММФ, и Дејвид Малпас, претседател на СБ.
Средбите годинава требаше да се одржат од 13 до 19 април.
„Вознемирени сме од ситуацијата со ширењето на коронавирусот. Со оглед на ризиците по здравјето на учесниците, раководствата на ММФ и Светската банка, и бордовите на директори, договорија заеднички план за промена на форматот на пролетните средби на ММФ и Светска банка во виртуелен формат“, се наведува во објавениот документ.
Поради епидемијата на коронавирус беа откажани низа настани во повеќе земји во светот. Така на пример, се размислува и за откажување на Летните олимписките игри 2020 година во Токио.