Производите на малите компании стигаат само до регионот

Состојбата може да се промени велат од Европската мрежа за бизнис можности, ако компаниите инвестираат во технолошкиот развој преку трансфер на технологија и научно-истражувачки проекти.

103

Низа бариери, неможност да се исполнат меѓународните стандарди, но и малиот капацитет ги спречува малите и средни компании да извезуваат. Оваа го покажало искуството од работењето на Европската мрежа на можности (Enterprise Europe Network) која ги нуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија за европските пазари.

– Малите и средни компании имаат ограничени ресурси и треба да се подобра технички и технолошки за да бидат конкурентни за извоз. Ние како мрежа за деловна соработка не можеме да им го подобриме капацитетот, ама можеме да им најдеме партнери во странство – изјави Виктор Стојамановски од Enterprise Europe Network на денешната прес-конференција во Стопанската комора.

Според него, само 5 отсто од компаниите, главно, големите извезуваат на европскиот пазар, другите усопеваат да извезат или само бараат соработка со компании во регионот.

– Главно бараат соработка во Србија, Грција во опкружувањето и Германија – вели тој.

Состојбата може да се промени, велат од Европската мрежа за бизнис можности, ако компаниите инвестираат во технолошкиот развој преку трансфер на технологија и научно-истражувачки проекти.

Мрежата може да им помогне во изборот на деловните парнтери, но и да им изготви деловен профил креку кој можат да ги нудат своите производ надвор од земјава.

Преку базата за деловна соработка компаниите можат да пронајдат бизнис партнер според потреби и секторска припадност, во преку 50 држави на Европската Унија. Исто така, оваа база содржи и податоци за странски претпријатија кои бараат соработка со македонски претпријатија, при што базата автоматски ги поврзува можните бизнис партнери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...