Производителот на Нивеа склучи партнерство за електронска трговија во Кина

133

Германската компаинја Бејерсдорф, која стои зад производите Нивеа, најави стратегиско партнерство со кинеската компанија НетИз Каола, специјализирана во електронска трговија.

– Во соработка со НетИз Каола ние ќе можеме да го зголемиме нашето присуство на важниот кинески пазар и да ги доставуваме нашите производи до локалните потрошувачи – изјави Ралф Гуско од Бејерсдорф.

Оваа компанија веќе соработува со Алибаба и другите големи кинески електронски трговци, како што е компанијата Џеј Ди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...