Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и Министерството за економија за 10 дена треба да формираат меѓуресорска работна комисија која во рок од два месеца е задолжена да достави препораки за проектот „Чебрен“ и „Галиште“, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Како што рече Бошњаковски на прес-конференција, осврнувајќи се на две точки од последната седница на Владата, проектот „Чебрен“ и „Галиште“ ќе чини 220 милиони евра.
Владата на седницата донела одлука да се гради спомен-обележје на Тоше Проески на неговото вечно почивалиште во Крушево. За оваа намена се одвоени 10 милиони денари од Министерството за култура.
– Средствата ќе и бидат префрлени на Општина Крушево која е задолжена да го изгради објектот – рече Бошњаковски.