Продолжува бранот смени во албанските дипломатски претставништва

67

Повеќе од 50 албански дипломати ќе бидат повлечени, додека 80 отсто од албанските конзулати во светот ќе бидат реструктуирани.

Ова, според овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, е поради факотот што „присуството на дипломатската служба бара коректно и професионално однесување“.

– Албанија не заслужува ништо помалку од меритократија, професионализам во работата и квалитетна дипломатска служба. Врз ова основно начело, соопштувам дека 80 отсто од конзулатите на Албанија во светот нема да бидат исти. Тие мора да се сменат од корен поради структурни причини и потребата за зголемување на услугите. Тие мора да се сменат во структурата бидејќи приливот на барања на албанските граѓани веќе не може да се соочуваат ниту со мрзливи лица, ниту со инерција на дневна рутина или високо ниво на институцонална ароганција – изјави Цакај.

Тој нагласи дека на следната седница на Влада повеќе од 50 отсто од дипломатските пасоши ќе бидат прогласени за неважечки и додаде дека Министерството донесло одлука повеќе од 20 почесни конзулати на Албанија во светот да бидат затворени.

Министерот Цакај најавената темелна „чистка” во албанските дипломатски претставништа низ светот ја почна во март кога во Тирана беа повлечени 28 лица од дипломатските претставништва.

Тоа се случи, како што тогаш изјави Цакај, откако работната група што ја формира детално го испитала квалитетот на човечките ресурси на дипломатската служба на Албанија, при што било утврдено дека „дел од нив го надминале однесувањето на дипломат, додека други не биле на потребното ниво“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...