Продолжувањето на вонредната состојба е во служба на агендата на Рама, не на граѓаните, реагира албанската опозиција

100

Во врска со барањето на албанската Влада за продолжување на вонредната состојба во земјата до март 2020 година, воведена по разорниот земјотрес, реагираа двете најголеми опозицски партии, Демократската на Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција,на Моника Круемади.

– Продолжувањето на вонредната состојба е во служба на политичката агенда на Еди Рама, а не на граѓаните, а рокот го употребува како шоу. За да се врати сигурноста на граѓаните доволни се 30 дена. Овој временски рок Рама го искористи за шоу, како што ќе го користи и продолжениот рок, а не да понуди решение во полза на граѓаните погодени од земјотресот. Не предложи ни еден план,туку само празни зборови идентично како и празните зборови по земјотресот што во јуни година го погоди во подрачјето на Корча и оној од 21 септември во Драч, се наведува во партиската реакција.

Се додава дека Рама настојува да ја скрие сериозната политичка криза во земјата, со злоупотреба на пост-земјотресната криза.

За претседателката на ЛСИ, Круемади, продолжувањето на вонредната состојба е обид на премиерот Еди Рама да избегне предвремени избори и оти бара време да го инсталира автократскиот систем.

-Денес имаме премиер кој бара вонредната состојба да се одложи до март, а тоа со цел оддалечување на решенето на полтичката криза во Албанија, што може да се реши само преку слободни избори,обвини таа.

Барањето на албанската Влада, попладнево го подржа Парламентарната комисија за национална безбедност и истото ќе се најде на дневен ред на парламентарната седница на законодавниот дом в четврток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...