Ѓорѓе Војновиќ продолжува да ја врши функцијата главен извршен директор на Триглав Осигурување, Скопје, одлучило Собранието на акционери на последната сеница.
Како што е објавено на Македонска берза, собранието нa акционери го реизбрало Војновиќ за член на Одборот на директори со мандат од 4 години.
„Одборот на директори на Друштвото на седницата одржана на 11.07.2019 година, го назначи Ѓорѓе Војновиќ за извршен член на Одборот на директори – главен извршен директор, со тоа што Oдлуката влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се применува од денот на добивање на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување“, соопшти компанијата.
Според соопштението Агенцијата за супервизија на осигурување дала согласност за Војновиќ.