Продажбата на албуми во САД лани опаднала за 18,2 отсто, а на синглови за 28,8 отсто

84

Продажбата на албуми во САД лани опаднала за 18,2 отсто во однос на претходната 2017 година, а продажбата на синглови – за 28,8 отсто, покажуваат податоците на Баз-Енгл.

На сметка на тоа, музичките аудио и видеостримови се зголемиле за 35,4 проценти. Од вкупниот музички промет во САД минатата година, 77 отсто отпаѓа на стримингот преку, на пример, Спотифај и Епл, 17,3 отсто на продажбата на албуми и 5,7 отсто на сингловите.

Поради тоа, компанијата за купување преку интернет „Бест Бај“, одлучи да престане со продажбата на ЦД-ња.

Поради ова, познавачи на состојбите во музичката индустрија прашуваат дали е можеби не е време издавањето албуми и сниглови да го промени својот облик.

– Работите се јасни, купувањето музика сега излегува од тренд скоро исто толку брзо како што стриминг музиката зема замав – велат познавачите за „Ролинг стоун“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...