Откако ја огласија продажбата на празните куќи за околу едно евро, во градот Самбука кај Палермо, телефоните на локалните власти не престануваат да ѕвонат.
Оваа мерка, која е популарна во Италија, е усвоена на почетокот на јануари, а заменикот гардоначалник на ова место Џузепе Качопо рекол тогаш дека куќите ќе бидат „продадени по цена на еден кроасан“, ако на аукција некој не понуди повеќе.
Веќе следниот ден стотици луѓе од Британија, Дубаи, Панама и Русија пристигнале во Самбука за да ги разгледаат недвижностите, а многумина веќе и купиле куќи.
– Се јавуваа од Сиднеј, Лондон и Њујорк. Неколку неделе по огласувањето примивме речиси 100.000 имејлови, а многу потенцијални купувачи веќе ги купиле првите достапни летови за Сицилија – раскажал Качопо.
Во средата се продадени првите 16 куќи, најевтината за 1.000 евра, а најскапата за 25.000 евра. Останатите се продадени по цени помеѓу 5.000 и 15.000 евра. Меѓу новите сопственици се семејства од Израел, Британија, Русија и Чиле. Уште 50 куќи во Самбука се продадени приватно на странски купувачи.
„Помеѓу приватните и општинските куќи примивме вкупни инвестиции од милион евра. Тоа е вистинско богатство за мало град каков што е нашиот- рекол Качопо.
Инаку, новиот сопственик за да купи куќа мора да потпише договор дека во рок од три години ќе вложи во обнова на куќата минимум 15.000 евра. Плус, пред купувањето мора да остави депозит од 5.000 евра кој ќе биде вратен по обновата.
FOTO: Profimedia