Програмерот кој минатата недела со нож уби четири лица во полициска станица во Париз имал УСБ со лични податоци од сите негови колеги.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, напаѓачот кој уби тројца полицајци и еден административен работник, по што беше застрелан од полицаец, се преобратил во ислам и имал контакти со луѓе кои најверојатно припаѓаат на т.н. Исламска држава.
УСБ-то на убиецот, кој по потекло е од Мартиник, било пронајдено во станот каде престојувал и имал податоци за неколку десетици колеги од полициската станица, како и неколку пропагандни видео материјали на Исламска држава.
Весникот наведува дека засега не е јасно дали напаѓачот ги споделил овие информации со никого, а официјални лица стравуваат дека се загрозени животи на полицајци, затоа што на УСБ-то имало нивни лични информации и адреси на живеење.