Прогноза на изборниот резултат во Грција: Мицотакис води пред Ципрас

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време. 

371
ФОТО: EPA-EFE / ANDREA BONETTI

Нова демократија прва, СИРИЗА втора, Движење на промена трета е резултатот од објавените exit polls, односно проценките за изборниот резултат од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии по пребројани 100%, јави дописничката на МИА од Атина.

Според конечните резултати од проценката на изборниот резултат, согласно излезните анкети, Нова деморкатија би била убедлив победник и тоа со доволен број гласови за сама да формира влада.

Приватните телевизии Скај, Стар, Антена, Алфа, One и Open и државната ЕРТ објавија заеднички exit polls во соработка со агенциите „Pulse“, „MRB“, „MARC“„Metron analysis“ и „ALCO“.

Резултатите од exit polls за грчките телевизии се:

Нова демократија 38-41%

СИРИЗА 29-32%

Движење на промена 7-9%

Комунистичка партија на Грција 5-6%

МЕРА25 2,8-3,8%

Златна зора 2,7-3,4% Грчко решение 3,5-4.5 %

Во однос на распоредот на пратеничките места, проценките на агенциите, според 80 отсто од преброени exit polls се дека Нова демократија добива доволен број пратеници за  еднопартиска влада. Поконкретно:

Нова демократија 155-167 пратеници

СИРИЗА 77-82 пратеници

Движење на промена 19-22 пратеници

Комунистичка партија на Грција 16-19 пратеници

МЕРА25 8-14 пратеници

Грчко решение 0-13 пратеници

Златна зора 0-13 пратеници

Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...