Дваесет и четиригодишниот Далтон Харис е годинешниот победник на британското музичко шоу Х Фактор.
Неговиот последен настап на сцената на шоуто, беше со песната „The Power of Love“ во дует со Џејмс Артур, победник на шоуто во 2012 година.
Во финалето, Харис се бореше против 21-годишната Скарлет Ли и 28-годишниот Антони Расел.
Жирито беше составено од Сајмон Ковел, сопружниците Роби Вилијамс и Ајда Филд, како и членот на Уан Дајрекшн, Луис Томлинсон.
ФОТО: Х Фактор