Провладини и антивладини демонстрации во Венецуела

51
ФОТО: EPA / Cristian Hernandez

Во Венецуела вчера протест одржа опозицијата, додека Владата организираше митинг за поддршка на претседателот Николас Мадуро. Полицијата употреби солзавец за да растера помали групи антивладини демонстрани.

Повеќе илјади приврзаници на опозицијата протестираа поради честите прекини во снабдувањето со електрична енергија и влошувањето на економската ситуација во земјата.

– Сите знаеме кој е одговорен за немањето струја – Мадуро. Мораме да го забрзаме процесот на отстранување на овој корумпиран и арамиски режим, изјави опозицискиот лидер и привремен претседател Хуан Гуаидо на митингот во Лос Текес, предградие на Каракас.

Додека приврзаниците на Владата и Мадуро одржаа протестен марш во Каракас „против империјализмот“ на американската Влада, која Мадуро ја обвинува за напади врз системите за пренос на електрична енергија.

Венецуела првпат немаше струја од седми до 14 март, како и во периодот од 25 до 28 март. Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија не функционираат пумпите за водовод, комуникациските системи, а затворени беа и училиштата и фабриките.

ФОТО: EPA / Cristian Hernandez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...