Започна исплататаповрат на ДДВ за граѓаните за месеците октомври, ноември и декември 2019 година.
На сметките на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе бидат исплатени 3,8 милиони евра.
Од Управата за јавни приходи апелираат граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.
Оваа информација на својот фејсбук ја сподели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукареска.
Според информацијата од 01.07.2019 до 31.01.2020 година апликацијата за скенирање сметки ја користеле 236.442 корисници. Тие скенирале 66.885.228 фискални сметки. При тоа е остварен промет од 32.456.740.434 денари,за кој е платен вкупен ДДВ од 3.512.292.634 денари. На граѓаните ќе им се исплатат вкупно 8,6 милиони евра.