Проблеми во чекирањето на летовите оставија илјадници патници на три лондонски аеродроми

54

Проблеми во проверката на летовите на „Бритиш ервејз“ се појавија денеска на три лондонски аеродроми и предизвикаа проблеми кај илјадници патници, јави ДПА.

Авиокомпанијата предупреди дека  ќе откаже и одложи летови додека се работи на решавање на проблемот, што се случува во екот на летната сезона на патувања во британската престолнина.

– Суштината на проблемот сè уште не е позната – изјави за ДПА портпаролката на „Бритиш ервејз“.

Со проблемот се зафатени аеродромите  Хитроу, Гетвик и Лондон Сити.

Авиокомпанијата соопшти дека работи со мануелни резервни системи за проверка и ги повика патниците порано да пристигнуваат на аеродромите за нивните летови. Оттаму нагласуваат дека техничкиот проблем не е глобален компјутерски проблем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...