Руски авион бомбардер од типот Ту-22М3 се урна денеска при слетување на аеродором во реонот на градот Мурманск, при што загинаа двајца од четворицата членови на екипажот на леталото, соопштија полициски извори.
Според истите извори, авионот Тупољев-22М3 се урнал при обидот да слета на аеродромот во Оленогорск во регионот на Мурманск, околу 13.40 часот по московско време (11.40 по средноевропско време).
Според првичните сознанија, загинале копилотот и операторот на авионот, додека пилотот и навигаторот ја преживеале несреќата и се пренесени в болница, но засега не е позната нивната здравствена состојба.
Нема информации за причините за уривањето на авионот.
Во време на несреќата реонот околу аеродормот во Оленогорск бил зафатен од снежно невреме.
ФОТО: МИА