При напад на ИД убиени 92 борци на Сириските демократски сили
Најмалку 92 припадници на бунтовничките Сириски демократски сили (СДФ) загинаа при напад на борци на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во источниот дел на Сирија.
Како што соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон, ова претставува најкрвав напад врз СДФ од почетокот на конфликтот во Сирија.
Сириските демократски сили (СДФ) е коалиција на неколку курдски и арапски бунтовнички групи, поддржани од САД, во која доминираат Силите за заштита на народот на сириските Курди.