Поранешната мисица и актерка Пријанка Чопра, е добра пријателка со војвотката Меган Маркл, но таа се уште не го видела кралското бебе на Меган и принцот Хари.
Тоа само ги засили старите шпекулации во медиумите дека двете добри другарки навистина се скарани, иако Пријанка претходно ги дематираше овие информации.
Зошто не беа на гости кај Меган и Хари за да го видат малиот Арчи, овојпат за таблоидите зборуваше сопругот на Пријанка, пејачот Ник Џонс.
– Имаме многу работа. Пријанка и јас сме презафатени и сигурен сум дека ако ни излезе шанса, ќе ги посетиме – рекол пејачот.
Меган и Пријанка се дружат од 2016, но веднаш станаа блиски пријателки бидејќи како што изјави војвотката во едно интервју, тие „кликнале“ на прв поглед. Оттогаш, постојано контактираат, а Меган на неа, како што пишуваа медиумите, постојано ѝ се исповедала за сето тоа што морала да го направи за да се прилагоди на кралските обичаи.