Приштина ќе го продава косовскиот „Телеком“

185

Косовската Влада донесе одлука за отпочнување подготовки за приватизација на „Косово Телеком“, објави порталот „Приштина Инсајд“.

Порталот потсетува дека ова е трет обид на Владата во Приштина за продажба на „Телекомот“, по двата неуспешни обиди во 2011 и 2013 година.

Косовскиот министер за екномија и развој Валдин Љука на Фејсбук објави дека побарал од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) да се вклучи во процесот на приватизација на „Телекомот“, што би опфатило и помош во реструктурирање на компанијата со цел подобрување на нејзините перформанси.

– На сите јасно им ставив до знаење дека пред каква и да било одлука за приватизација, приоритет е подобрување на перформансите и праксата на компанијата, додаде Љука.

Според него, ЕБРД изразила подготвеност да пружи помош во реструктурањето на „Телекомот“, преку доделување на кредит од 25 милиони евра  и изработка на план за приватизација на компанијата.

„Приштина Инсајд“ посочува дека интерес за купување на „Косово Телеком“ покажале „А1 Телеком Австрија“, француската „Оранж“, чешката „Рокaвеј Кепитал“ и американската „Артилери Уан“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...