Приштина: Ослободен пратеникот Дардан Молиќај

66

Пратеникот на опозициската Социјалдемократска партија (ПСД) во Собранието на Косово, Дардан Молиќај, кој беше упасен утрово во неговиот дом по налог на приштинскиот Основен суд, попладнево е ослободен, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за ослободувањето на Молиќај за порталот koha.net ја потврди портпаролката на ПСД, Натира Кучи.

– Откако е однесен во Обвинителството, пртатеникот Молиќај сега е веќе пуштен во редовна процедура. Предметот ќе продолжи – изјави Кучи.

Според полициското соопштение, Молиќај е приведен поради учество на протестот од 2015 година на Движењето амоопределување (ВВ), чиј член беше тогаш. Тој беше еден од организаторите на протестот за ослободување на тогашниот пратеник, а сега лидер на ВВ, Албин Курти, кој тогаш беше приведен поради непојавување на суд.

Главниот обвинител во Обвинителството во Приштина, Имер Бљакај во изјава за медиумите наведе дека Молиќај е приведен затоа што ги одбивал поканите за да се јави на распит, како осомничен за напад врз службено лице за време на протестот пред четири години.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...