Причината за дислексија не е сосема јасна, а се појавува и кај надарените, креативни и успешни деца

Тешкотиите во совладувањето на читањето и пишувањето се утврдуваат дури на крајот од второто одделение, а симптомите многу често им се припишуваат на мрзливоста и недисциплината, па проблемот долго останува маскиран.

190

Без оглед на тоа дали детето има просечни или натпросечни интелектуални потенцијали, може да пројави потешкотии во совладувањето на читањето и пишувањето.

Иако овие тешкотии можат да се воочат уште на почетокот од школувањето, дијагнозата на дислексија обично се поставува дури пред крајот на второто одделение. Тогаш дефинитивно се забележува отстапувањето од нивото на читачките способности на врсниците.

Пречки се појавуваат и во областа на течноста и брзината во читањето и пишувањето, како и точното разбирање на прочитанотоМеѓутоа, многу е битно да се разликуваат децата со несовладана техника на читање од децата со дислексијаЗа детето со дислексија е карактеристично што постојано ги прави истите грешки во читањето без оглед на тоа што се применува добар метод во неговото совладување.

Со оглед на тоа што симптомите на дислексија се многу сложени и бројни се случува да не бидат препознаени од родителите и учителите.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...