Притвор од еден месец за 45-годишен човек од Босна и Херцеговина, кој ја малтретирал сопругата и со нож ја избодел по лицето и очите.
– Осомничениот подолго време ја малтретирал сопругата психички и физички. Во октомври минатата година, пред зградата во која таа живее, тој и рекол дека ќе ја убие. На 2 март околу 16 часот, во нејзиниот стан, тој физички ја нападнал – појасниле од Обвинителството.
Тој потоа и нанел посекотини на лицето, во пределот на очите и десната дланка.