Присуството на таткото на Меган Маркл на венчавката неизвесно

Американскиот портал ТМЗ објави дека Томас Маркл нема да присуствува на свадбата, по скандалот и тврдењата дека тој правел фотографии за една папарацо агенција.

182

Британската кралска палата не потврди, ниту, пак, негираше дали таткото на Меган Маркл ќе присуствува на венчавката в сабота, односно дали ќе ја испрати својата ќерка до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари.

Претходно, американскиот портал ТМЗ објави дека Томас Маркл нема да присуствува на свадбата, по скандалот и тврдењата дека тој правел фотографии за една папарацо агенција. Изворот наведува и дека таткото пред шест дена доживеал срцев удар поради стравувањата дека нема да биде поканет.

По тој повод, Кенсингтон палатата соопшти дека принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл ја замолуваат јавноста за разбирање и почит.

– Ова е доста приватен момент за госпоѓица Маркл во деновите пред венчавката. Таа и принц Хари повторно бараат разбирање и почит и за господин Маркл во оваа тешка ситуација, се наведува во соопштението од Кенсингтом палатата.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...