Новиот календар со ликот и делото на рускиот претседател Владимир Путин е претставен за следната 2019 година. Во него Путин е претставен како вистинска ѕвезда, моќен водач кој своите денови (и месеци) ги поминува комбинирајќи ја грижата за народот со моментите на опуштање во прегратки на природата.
Судејќи по глетките на московските трафики, Путин е мотив на неколку различни календари за претстојната година, па обожавателите на рускиот претседател може да избираат помеѓу Путин хокејашот, емотивната варијанта на Путин со домашниот миленик или во лов.
Јануари и февруари го поминува на снегот, поточно во езеро и на мраз, додека во летните месеци ќе ужива во сончање на планините. И секако, покрај езерото. Путин се капе во ладна вода за Православно Богојавление.
ФОТО: канцеларија на Претседателот