Принц Чарлс: Кога ќе бидам крал нема да се мешам во политика

116

Британскиот принц Чарлс изјави дека нема да се меша во државните прашања кога ќе стане крал „бидејќи тоа би било бесмислено“.

Тој во интервји за Би-Би-Си по повод 70. Роденден, британскиот престолонаследник, кој беше критикуван поради ставот за климатските промени, истакна дека ќе мора поинаку да се однесува кога ќе стане крал.

Чарлс наведе дека кралот мора да дејствува во рамките на „уставните параметри“.

Тој во интервјуто ги бранеше и своите постапки од минатото, вклучително и формирањето на Фондација за помош на социјално загрозените млади луѓе во 1976 година.

Принцот Чарлс се залагаше и за прашањата, како зачувување на природната средина, архитектурата и употребата на генетски модифицираната храна (ГМО).

На британскиот монарх, според правилата, му е забрането да се меша во политика.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...