Принцот Чарлс може да си го смени името пред да седне на престолот

Дооколку сепак одлучи да го задржи своето име, ќе биде крунисан како Чарлс Трети.

129

Принцот Чарлс (69) чека на ред за престолот на Британската Монархија повеќе од 60 години, со што стана единствен член на кралското семејство кој толку долго чекал. Но кога ќе дојде на ред, постои можност тој да го промени името во Филип, Артур или Џорџ.

– Тоа не е секогаш пракса, но не е ни невообичаено. Дедото на принцот Чарлс, принцот Алберт при преземање на круната, го зеде четвртото име и стана крал Џорџ Шести. И, тој не е единствен, изјави портпаролот на кралското семејство, Дики Арбајтер.

Доколку Чарлс го избере името Џорџ, во чест на својот дедо, официјалното негово име ќе гласи – крал Џорџ Седми. Ако пак, го земе името Филип, ќе ги именуваат како Филип Први.

Дооколку сепак одлучи да го задржи своето име, ќе биде крунисан како Чарлс Трети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...