Принцот Чарлс и војвотката Камила во официјална посета на Грција

Уважување на силните и вековни врски меѓу Грција и Британија, но и нагласување на динамичната перспектива за развој на билатералните односи се главните цели на официјалната посета на Грција на принцот Чарлс и војвотката Камила, соопштуваат од британската Амбасада во Атина.

301

Уважување на силните и вековни врски меѓу Грција и Британија, но и нагласување на динамичната перспектива за развој на билатералните односи се главните цели на официјалната посета на Грција на принцот Чарлс и војвотката Камила, соопштуваат од британската Амбасада во Атина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од 9 до 11 мај, принцот Чарлс и неговата сопруга, војвотката Камила, ќе ги посетат Атина и островот Крит.

Во грчката престолнина предвидено е да положат цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак,пред грчкиот парламент, да одржат протоколарни средби со претседателот и премиерот на Грција, Прокопис Павлопулос и Алексис Ципрас и со грчкиот архиепископ Јеронимос.

Вториот ден од посетата принцот и војвотката ќе имаат одделни програми.

Принцот Чарлс ќе има низа активности и средби поврзани со поморството и соработката на Грција и Британија во оваа област, а ќе учествува и на конференција за британскиот Совет за интернационални програми во високото образование.

Војвотката Камила ќе се сретне со партнерката на грчкиот премиер, заедно ќе го посетат атинскиот музеј Бенаки, ќе има едукативни активности, а ќе посети и простор во кој се сместени жени жртви на семејно насилство, на сексуална злоупотреба и трговија.

Третиот и последен ден од посетата, кралскиот брачен пар ќе го помине на грчкиот остров Крит, каде што ќе посетат археолошки локалитети, но и невладина организација што учествува во проект за интеграција на бегалците во локалното општество.

Тоа ќе биде втора официјална посета на Грција на принцот Чарлс и војвотката Камила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...