Британскиот принц Хари признал дека сакал да се откаже од титулата, но откри и што го предомислило.
Во интервју за „Дејли Меил“ тој потврди дека сакал да се откаже од титулата и да живее како обичен човек.
– Долго време одбивав да пораснам. Неколку пати бев на раб да се прекршам -признава принцот и открива дека во тоа го спречила верноста кон неговата баба, кралицата Елизабета II.
– Сакав да си заминам, но сепак се решив да останам и да пронајдам улога за себе. Не сакаме да бидеме само куп познати лица, сакаме да ги искористиме своите позиции за да направиме нешто добро – ијзвил британскиот принц.
Кога кралицата му предложила да се занимава со хуманитарна работа, веднаш се согласил, така што последните неколку години се занимава со подигање на свеста и собирање пари за цели за кои Хари смета дека се важни.
Една од кампањите е и онаа за менталното здравје, во која му помага брат му Вилијам и неговата сопруга Кејт. Признава дека по смртта на мајка му, принцезата Дајана, морал да побара стручна помош.